• Почетна
  • За нас
    • ЕТНОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • АРХЕОЛОШКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ИСТОРИСКO ОДДЕЛЕНИЕ
    • ЛИКОВНО ОДДЕЛЕНИЕ
  • Постојани изложби
    • АРХЕОЛОШКА
    • НУМИЗМАТИКА
    • ЛАПИДАРИУМ
    • ЕТНОЛОШКА
    • ИСТОРИСКА
  • Проекти
  • Настани
  • извешати
  • Инфо од јавен карактер
  • Контакт

На денешен ден 24.06.1943 година е загинат НИКОЛА ПЕТРОВ


Сподели на Facebook
24.06.2019 г. - Музеј на град Неготино

На денешен ден 24.06.1943 година е загинат НИКОЛА ПЕТРОВ, роден 02.12.1920 година во Неготино. Растејќи во аргатско семејство, Коле уште во раното детство почнал да се напојува со напредни идеи за борба против окупаторот и за борба за правда. Во познатата тепачка на младината со жандарите во Неготино, во 1938 година, во кафеаната "Југославија" и младиот Коле има учество. Постојано се движи со напредни младинци, чита книги и собира оружје. Тој е одушевен од другарството и единството на работничката, занаетчиската и ученичката младина во Неготино. Кон крајот на 1941 година станува член на СКОЈ, а во мај 1943 Коле е веќе во првиот строј на партизанскиот одред "Добри Даскалов" на Вишешница. Поставен е за помошник на неговиот сограѓанин, пушкомитралезецот Најдо Стаменин - Орлов и кој што решително го следи по планинските врвици, ноќните маршеви и во судирите со бугарските полицајци и војници низ Тиквешијата. Во еден таков судир Коле е пресретнат во заседа и убиен 24 јуни 1943 година борејќи се храбро за правдина и слобода. 
Денес на местото каде што е убиен, во близина на с.Црвени Брегови односно по стариот пат од Неготино за Скопје, е подигнат споменик во негова чест, кој што за жал го нема. Но, малата биста и ликовното дело во чест на Никола Петров насликано од ликовниот уметник и педагог Тоде Ивановски, кој што е роден во Неготино а живеел во Битола, се наоѓаат во Општинската установа Музеј на град Неготино! СЛАВА МУ!

 

© Сите права задржани.