Во Музејот на Неготино по повод 30 години од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу Јапонија и Македонија беше отворена изложба организирана од амбасадата на Јапонија на која љубителите на уметноста имаа можност да погледнат околу 30 реплики на дрворези од големите јапонски мајстори за дрворези УКИЈО-Е од 17-иот и 18-иот век.
На изложбата присуствуваше Н.Е. амбасадорот на Јапонија г-дин Казуја Оцука, а присутните ќе имаат можност да го доживеат „светот кој лебди“ кој го отсликува подемот на трговската класа доловен од страна на најзначајните мајстори на УКИЈО-Е.
Во рамките на изложбата беше организирана и работилница за ученици од општина Неготино на која учествуваа 10-тина ученици од основните и средното училиште и кои со своите творби ќе учествуваат на завршната изложба заедно со своите врсници од повеќе градови од Македонија.